Повеќе од 25 години традиција во печатарската индустрија
Традиција на квалитет
Печатницата ПАКУНГ е основана 1991 година. Квалитетот е основниот темел на нашето работење и како таков е воспоставен низ годините со утврдување на процесите на работа како резултат на долгодишното искуство и присутност на пазарот. Со повеќе од 25 годишно искуство во оваа индустрија, стандардите на работење продолжуваат да се темелат на веќе докажаните процеси на функционирање.
Иновација и технолошки напредок
Стручната политика на високиот квалитет низ годините, ја стимулира и зголемува врската меѓу нашиот тим и современиот технолошки развиток. Со тоа се постигнува исполнување на очекувањата на нашите клиенти, следејќи ги притоа софистицираните технологии на креирање, припрема, печат и доработка на производи.
Услуги кои ги нудиме